top of page
Search
  • Славеј АД

РАНА ДЕТЕКЦИЈА - НАВРЕМЕНА КОРЕКЦИЈА

Оваа недела на тема Сколиоза разговаравме со Прим. Др.Владимир Стрезоски, специјалист ортопедски хирург,

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо ” – Охрид


П: Кога најрано може да се забележи сколиозата?


O: Пред се треба да се знае дека постојат неколку видови на Сколиоза во зависност од причините заради кој се јавуваат : - Идиопатски сколиоза – кривината се јавува заради непозната причина; - Конгенитални сколиози – се јавуваат заради вроедени аномалии во пршлените; - Неуромускуларни сколиози – се јавуваат заради неуромускуларни заболувања како

што се спинална мускулна атрофија, церебрална парализа, спина бифида и други. - Сколиоза како последица на некои синдроми, најчесто неурофиброматоза.

Според тоа во зависност од причината за настанување на сколиозата најрано може да се приметат конгениталните сколиози, невромускуларните, следат инфантилните – идиопатски сколиози па најчестите јувенилните сколиози.


П: Кога за прв пат ќе се сретнете со пациент кој има сколиоза, што вообичаено им кажувате? O: До колку се работи за јувенилна сколиоза од лесен степен треба да се следи со редовни контролни прегледи и повремено RTG слики. Кај поизразени сколиози Pot Ret Ben е третман со соодветен корсет изработен по мерка за пациентот, како и вежби за сколиоза. Редовни контроли на 3 месеци.

П: Каква е прогнозата за адолесцентна идиопатска сколиоза?


O: Според дефиниција адолесцент се смета личност на возраст меѓу 10 – 19 години. Прогнозата на сколиозата зависи во која возраст е откриена како и степенот на

кривината мерен на RTG снимки.

Најчесто третманот е конзервативен со вежби и корсет. Кај потешки сколиози со агол поголем од 45 степени индицирано е хируршко лекување.


П: Дали сколиозата е наследна?


O: Сеуште во светската литература нема сигурни податоци за наследен фактор во појавата на сколиоза.






1,335 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page