На лето во Охрид со нашиот пријател Петар
- Славеј АД
- Oct 16, 2020
- 1 min read
Updated: Oct 18, 2020
Кон крајот на летово го посетивме нашиот пријател Петар Петровски во Охрид и решивме да го пренесеме според нас најважниот дел од неговата животна приказна.
Тој има 31 година и е сопруг и татко на едно дете. Пред 7 години учествувал во сообраќајна несреќа каде ја загубил левата нога. Корисник е на најсовременото микропроцесорско колено Genium X3 од меѓународниот партнер на СЛАВЕЈ, Ottobock.
Петар е инспиративен соговорник кој не нѐ остави рамнодушни и нѐ плени со неговата едноставност, искреност и директност. Ти благодариме пријателе!
"Не се откажувајте - никогаш не знаете што може да ви донесе животот. Да, може сега е тешко - но ќе биде подобро... Најбитно од сѐ е начинот на кој размислувате и борбата сами со себе. Значи САМИТЕ СО СЕБЕ ви е најголемата борба - кога тоа ќе го пребродите, јас мислам дека можете сѐ да направите."
Comments