top of page
Search
  • Славеј АД

Ви ја претставуваме Ottobock 12K100 DynamicArm®



Ви ја претставуваме Ottobock 12K100 DynamicArm®


Почитувани колеги, соработници и пријатели,


Деновиве сме оправдано горди на себе затоа што за прв пат во нашата држава со помош на Фондот за здравствено осигурување успешно поставивме надлакотна мултифункционална протеза со миоелектронска лакотна единица контролирана од микропроцесор и мултифункционална миоелектронска шака - 12K100 DynamicArm®.


Пациентот (осигуреник на ФЗО) претходно ги исполни сите најстроги критериуми за стекнување право на оваа протеза, од кои најважниот беше недостаток на една рака повеќе од 2/3 на која е вграден имплант, а другата рака потполно одземена или деформирана и не е во функција и кој според индикациите не може да користи друг вид на протези за рака.

 

Надлакотната протеза со DynamicArm технологија од нашиот партнер Ottobock им овозможува на пациентите сила и брзина за завршување на сите секојдневни работи.


Моторот во DynamicArm лактот е 2 пати побрз од останатите лакти - само половина секунда од полна екстензија до полна флексија!


Содржи моќен електромотор во комбинација со Vario Drive менувач за флексија и екстензија, додека истовремено може да држи тежина до 5 килограми, а капацитетот за држење на тежина во место изнесува дури 22 килограми!


Во комбинација со SensorHand Speed - најбрзата и најсилната протеза за шака - не постои нешто со кое системот не може да се справи.


SensorHand Speed се отвора и затвора речиси 3 пати побрзо отколку останатите рачни протези - 300 милиметри во секунда!


Системот Automatic Forearm Balance за автоматско балансирање на подлактицата штеди енергија и ги прави нештата да изгледаат и да се чувствуваат што е можно поприродни.


Autograsp сензорската технологија може брзо да утврди и да реагира ако "почувствува" дека предметот што се држи почнува да се лизга и паѓа.


Сето ова заедно со моќна литиумска батерија овозможува сигурни и високи перформанси, а специјалната Axon-Bus технологија интегрирана во сите електромеханички компоненти овозможува многу брзи, речиси моментални реакции на сигналите добиени од мускулите.

 

Погледнете го видеото


 
Спуштете ја брошурата за Ottobock 12K100
Download • 836KB

26 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page