top of page
Search
  • Славеј АД

Начинот на спиење влијае врз здравјето

Со зголемување на денот и бројот на сончеви часови, хормонот на сон- мелатонини се лачи помалку. Тоа значи дека имаме помала потреба за сон, но тоа сепак не значи дека ќе се разбудите одморени и чувствувајќи се свежо. Како и секогаш, квалитетот е поважен од квантитетот, па затоа за квалитетен сон, најважно е да се спие во анатомски правилна положба. Затоа, начинот на кој што спиете, вашиот душек и перница се едни од поважните фактори кои придонесуваат до добар и здрав сон.



Научни докази покажуваат дека неправилното спиење може да доведе до разноразни здравствени проблеми, како болка во главата, вратот, грбот, чувство на замор, грчеви, главоболки, нарушена циркулација, проблеми со стомакот.

Одредени истражувања од страна на експерти, предлагаат дека најдобрата позиција за спиење е спиење на грб. Овој исказ е подржан со образложение дека таа позиција е неутрална, па така спречува болки во телото а истовремено и поради позицијата на главата, го минимизира ризикот од добивање на стомачни киселини.



Доколку спиете во правилната анатомска позиција- лежење на грб, вашата перница треба да го подржи природното искривување на ‘рбетот и да овозможи стабилност на вратот. Во овој случај, вашата перница треба да е ниска, за да не биде главата многу издигната над градите. Исто така, препорачано е да се стави тенка перница и под колената за дополнително олеснување на притисокот од грбот.

Доколку пак, спиете на страна подобро е да употребувате средна перница, односно малку повисока, и малку потврда за најдобра подршка на ‘рбетот. За луѓето што спијат на страна исто така се препорачува да се користи и перница меѓу колената за најприродна позиција.



За спијачите на стомак, ризикот за истегнување и болки во вратот е голем и се препорачува да се избегнува зошто оваа позиција врши притисок на целото тело и предизвикува најмногу болки. Доколку не може да се избегне, најдбро е да се спие на ниска перница или без перница. За подобро да се чувствувате, се препорачува да се користи ниска перница како подршка, под карлицата, за да се избегнат болки во вратот или мускулите.

72 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page