Да бидеш она што сакаш да бидеш
- Славеј АД
- Apr 22, 2020
- 2 min read
Што имаат заедничко очилата, силиконските импланти за гради и мобилните телефони? Трансхуманистите (или постхуманистите) ги сметаат сите овие помагала, без разлика дали ја подобруваат функционалноста или естетиката, како своевидни протези, ништо поразлични од миоелектричните, микропроцесорските или роботизираните протези за замена на загубени екстремитети. Ако ги прашате, корисниците на сите овие протези ќе ви одговорат дека
"тие се практично дел од нив."

Сè уште имаме многу да работиме како општество и како цивилизација, за да ја надминеме стигмата која доаѓа со употреба на протези од вториов вид, додека протезите од првиот вид одамна се веќе општо прифатени. Ова е прашање на етика, естетика и технологија, а тема која неизбежно се наметнува се границите на човечките перформанси, или како ќе изгледаме во иднината?! Како и да е, фрлена е ракавица в лице на премисата која сите порано ја прифаќавме здраво за готово - дека човечката состојба е и ќе остане суштински непроменета. Доволно е да ги погледнеме атлетите од Параолимпијадата за да заклучиме дека еволуцицијата на човештвото не е завршена. Почнувајќи уште од митот за Икар, наративот на дел од приказните за суперхерои задолжително вклучува и некаков вид на протеза која на носителот му дава натчовечки способности.
Без оглед на сè, медицината (или науката воопшто) и технологијата значително ги имаат зголемено капацитите да се остане здрав и жив. Па сепак, некои медицински интервенции како трансплантација на оштетени органи, вакцини за зајакнување на имунолошкиот систем или суплементи за подобрување на когнитивните и физичките перформанси се општествено прифатливи, а некои други сè уште се разгледуваат од аспект на нивната морална оправданост. Контроверзните дебати помеѓу философите, научниците и законодавците сè уште траат, а паралелните полиња за истражување на стем клетките и нанотехнологијата отвораат нови и уште пошироки видици.

Со овие мисли на ум, смело зачекоруваме во јубилејната 70-та година од нашето постоење.

Основани во далечната 1949 година, со цел во тоа време да ги опремиме со ортопедски помагала телесно инвалидизираните лица жртви од последиците на Втората светска војна, преку трансформација во акционерско друштво со 100% приватен капитал во 2000-та година, ние од Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје како регионален лидер со супериорен квалитет на производите и услугите во служба на грижата за здравјето и квалитетот на животот на секој човек,одговорно продолжуваме да тежнееме кон еден поздрав свет.
Ние сме развојно ориентирана компанија со стабилна позиција на пазарот и ќе продолжиме да ги применуваме најсовремени производствени технологии и деловни стандарди на работење и во годините што ни претстојат.
Comments