top of page
Search
  • Славеј АД

АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА СКОЛИОЗАТА

Најчести прашања одговорени од страна на

Прим. ас. д-р Велика Лабачевска, специјалист физијатар, Завод за Физикална Медицина и Рехабилитација Скопје


П:Моето дете беше дијагностицирано со "адолесцентна идиопатска сколиоза" - што да правам?


O:Откако ќе се постави дијагнозата дека детето има сколиоза, зависно од степенот на кривината се преземаат следниве мерки:

  • ако кривината е со големина од 10-20 степени терапијата е со вежби кои се строго индивидуални и се прилагодени спрема бројот и видот на кривините, симетрични или асиметрични вежби;

  • кривина со големина од 20-45 степени терапијата е со вежби и ортоза (корсет);

  • доколку кривината е над 45 степени и која прогредира, се препорачува оперативно лекување.

П: Кои активности треба да ги избегнува пациент со сколиоза, дали може на пример да вежба и да се занимава со спорт?

O: Децата со сколиоза треба да се спроведуваат секојдневно 2 пати на вежби за сколиоза кои може да се симетрични или асиметрични зависно од бројот на кривините. Од спортови се препорачува пливање претежно грбно и одбојка, но никогаш не треба да се забрани да го практикуваат и саканиот спорт.







П: Во која положба треба да спие пациент со сколиоза?


O: Најдобра положба за спиење е спиењето на грб затоа што овозможува главата, вратот и 'рбетот да се одмораат во неутрална положба. Секако дозволено е и странично спиење, а се препорачува да се избегнува спиењето на стомак.


П: Дали пациентот треба постојано да ја носи ортозата и колку долго ќе треба да ја носи?


O: Децата со сколиотично искривување на 'рбетот со кривина над 20 степени носат пластичен корсет за сколиоза кој се дизајнира строго индивидуално и се носи најмалку 18 часа од 24, а најдобро е да се носи 21 до 22 часа во тек на едно

деноноќие што значи да се спие со корсетот сè до навршени 16 или 17 години кога растот е завршен или забавен и нема опасност од влошување, т.е. зголемување на кривината. Ортозата не се отстранува нагло, туку една година само се спие со истата и потоа се отстранува трајно.


Напомена: децата со сколиоза конзервативно лекувани со вежби и корсет треба цел живот да практикуваат вежби и дa спортуваат, да ја јакнат мускулатурата на грбот, стомакот, седалните мускули, мускулите на нозете, да ги истегаат мускулите од задната ложа на нозете и да не ја зголемуваат телесната тежина. 


1,055 views0 comments
Post: Blog2_Post
bottom of page